| контакт | маркетинг

25.06.2017

Роси победи за 0.063 секунди во „катедралата“ Асен

Валентино Роси стигна до својата прва победа во 2017 година и прва по повеќе од една година, откако го издржи притисокот од италијанскиот сонародник Данило Петручи на Холандското ТТ во Асен и го победи со неверојатна разлика од 0.063 секунди

Асот на Јамаха, Роси на крајот беше победник пред Данило Петручи во сателтиски мотор на Дукати, додека подиумот го комплетираше Марк Маркез во Хонда по тесната битка со Британецот Кал Крачлоу и Андреа Довициозо во Дукати. Довициозо е новиот лидер во генерален пласман, откако колегата на Роси, Маверик Вињалес излета во средината на трката.
Со оваа победа, легендата на Мото ГП има најдолга победничка кариера, бидејќи од првата победа во 125сс класата поминаа 20 години и 313 дена! До победата Роси дојде со тесна разлика од само 0.063 секунди.
Со победата на Роси и падот на Вињалес се направи вистинска „мешаница“ на врвот. Довициозо сега е лидер во генерален пласман со 115, Вињалес остана на 111, а Роси со победата стана трет со 108 поени. Неверојатно тесната трка за титулата ја заокружува Маркез со 104 поени.
За следната „рунда“ нема да се чека многу - доаѓа за една недела на Германското ГП во Заксенринг на 2 јули.



Датум: 25.06.2017, 14:10
Статијата е прочитана 1353 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense