| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.0.2017

НЕМА КРАЈ НА МАЛЕРИТЕ : Нова операција за Илиев

Иако важи за еден од најталентираните голмани во нашата земја, Дејан Илиев никако да го напуштат малерите и повредите кои ги добива.

Голманот на Арсенал паузира веќе година и пол од фудбалските терени, а на ред е нова пауза. Имено, пред 15 дена чуварот на мрежата мораше да направи нова операција на коленото и сега следува одново пауза. Имено, ова беше четврта операција на истото колено на Илиев во рок од 18 месеци.
Иако се очекуваше да се реши проблемот, сепак, односно и одново се појавуваат болки, и Илиев никако не може да се врати на теренот. Тој има настапи за младинскиот тим на Арсенал, а повредите го спречуваат да напредува во својата кариера и да се обиде да стигне и од сениорите на лондонскиот гигант. Илиев беше дел и од селекцијата до 21 година во минатите квалификации.



Датум: 13.04.2017, 12:40
Статијата е прочитана 2365 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense