| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.04.2017

ПЕТТИ ТРЕНЕР СЕЗОНАВА ЗА ПАЛЕРМО: Бертолучи сега ќе ги води Несторовски и Трајковски

Тимот од Сицилија одлучи да му се заблагодари на тренерот Лопез, додека на негово место ќе дојде Бертолучи. Спортскиот директор, пак, Салерно одлучи сам да си замине

Палермо продолжува по стариот стил со менување на тренери како од шега. Диего Лопез е петтиот тренер кој сезонава доби шут карта од тимот од Сицилија, но, овој пат поради лошите резултати си замина и спортскиот директор Никола Салерно. Замената за Лопез е Диего Бертолучи, кој сега ќе има невозможна мисија да го спаси тимот каде што играат Илија Несторовски и Александар Трајковски.
„По последните неуспеси не можевме а да не реагираме. Салерно кој ја изршуваше функцијата на спортски директор, ја понуди својата оставка и таа беше прифатена. Заминува и тренерот Диего Лопез. На неговоо место доаѓа тренерот од академијата, Диего Бертолуци. Тој беше асистент на Гвидолин и добро ја познава состојбата во клубот" се вели во соопштението на Палермо.
Палермо во овој момент има 15 бодови и се наоѓаат на претпоследното 19. место во италијанската Серија А.



Датум: 11.04.2017, 13:20
Статијата е прочитана 978 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense