| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.06.2017

Алиоски: Да, имам понуда од Аталанта!

 

Езџијан Алиоски потврди за „Македонски спорт“ дека клубот од Серија А сака да го ангажира: „Точно е дека имам понуда од Аталанта. Инаку, мојот менаџер е во Англија, каде што преговара со Лидс јунајтед“, ни изјави Алиоски


Езџијан Алиоски, нашиот репрезентативец, речиси е пред трансфер во Италија, и тоа во тимот на Аталанта. Вчера доцна попладне, од Бергамо дојде веста дека за него силно е заинтересирана Аталанта и дека го посакува во својот сино-црн дрес.
Дека е вистина тоа, покажува изјавата на самиот Алиоски за „Македонски спорт“.
„Да, точно е дека имам понуда од Аталанта, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите околу овој можен трансфер“, ни изјави популарниот Џани, инаку сѐ уште актуелен фудбалер на Лугано, негов прв стрелец и еден од најдобрите фудбалери во Првата лига на Швајцарија.

И Лидс се во редот за Џани

Дека челниците на Лидс јунајтед не се шегуваат и сакаат да дојдат до Алиоски, доказ е информацијата што вчера ја пласираа медиумите во Швајцарија, дека тие веќе контактирале со луѓето во Лугано и инсистирале што побргу да го добијат Алиоски.
„Можам да потврдам дека мојот менаџер е во Англија, каде што моментално води преговори со Лидс јунајтед“,
ни ја потврди Алиоски оваа информација од прва рака.



Датум: 22.06.2017, 10:26
Статијата е прочитана 1413 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense