| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Радески: Ова е еден од нашите најдобри мечеви, Барди: Не се предаваме

Нашите репрезентативци Марјан Радески и Енис Барди, изјавија по мечот дека се задоволни од играта но не и од резултатот. Свој коментар даде и Никола Ѓорѓев

Разочараност во нашиот табор, но само поради резултатот. Во глас истакнуваат дека не се предаваат...
Марјан Радески посочи:„Ова е еден од најдобрите мечеви кои сме го одиграле во последно време. Игравме рамноправно со една Шпанија, создадовме голем број шанси кои за жал не ги искористивме“.
Барди пак истакна:„Среќен сум што одигравме проив една силна Шпанија напаѓачки. Знаеме да играме добар фудбал, тоа го покажавме. Имавме двојно повеќе удари кон голот. Не се предаваме, одие натаму“.
Никола Ѓорѓев имаше свое мислење по мечот:„Мислам дека пресудија индивидуалните грешки. Селекторот ме уфрли во второто полувреме да направиме повисок пресинг но тешко се постигнува тоа“

Бабунски: Немавме среќа...
Нашиот капитен исто така беше незадоволен од крајниот резултат...
„Не изгледаше дека се подобри од нас во првиот дел. Одлучија индивидуалните потези на противникот. Потоа изгубивме концентрација, немавме и среќа. Сепак треба да се каже дека Шпанија поседува огромен квалитет“.



Датум: 17.06.2017, 23:33
Статијата е прочитана 8410 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense