| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.05.2017

Инспекција на стадионот во Струмица

Вчера, делегација составена од повеќе членови на ФФМ, престојуваше во Струмица каде беа во инспекција на стадионот „Младост“. Како што велат од Струмица, односно од домаќинот и организаторот на Финалето на Купот, работите се одвиваат во најдобар ред.

Како што велат од организаторот на ова финале, инаку второ во историјата на самостојна Македонија кое ќе се игра во овој град, се работи во забрзано темпо. Моментално се врши мини реконструкција на теренот, исто така се работи и на ложите на стадионот „Младост“. Се очекува до среда до 17:30 часот, за кога е закажан почетокот на финалето, се да биде во најдобар ред.



Датум: 11.05.2017, 10:44
Статијата е прочитана 3698 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense