| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.11.2017

Новата локална власт ја презеде Брегалница

Набргу играчите на Брегалница би требало да ги добијат сите заостанати плати. Такво е ветувањето на новото раководство

Вчера, претставници од новата локална власт се појавија во ФК Брегалница. Со фудбалерите, стручното раководство и со спортскиот директор разговараа претседателот на Комисијата за спорт, ексфудбалер на Брегалница и член на Советот на Општината, Елмир Мандак, и советникот на градоначалникот Никола Тушев. Оваа информација ја потврди и Елмир Мандак.
„ Точно е тоа. Ги информиравме фудбалерите дека до петок ќе ги добијат сите заостанати плати, дека локалната власт и натаму останува патрон на клубот и дека ќе се обиде да го организира клубот на повисоко ниво, со вклучување и на познати фудбалски имиња во работата“, ни рече Мандак.
Ова е добар знак за поголем оптимизам пред саботната средба со Кожув, во Гевгелија.Сега сите погледи се свртени кон саботната средба. Досега мора да бидеме задоволни од резултатите на Брегалница, бидејќи игра речиси со нов тим. По средбите в сабота, доаѓа паузата во првенството. Може да дојде и до поголема мобилизација.
Инаку, вчера фудбалерите на Брегалница го одработија редовниот тренинг, поделени во две екипи, играјќи на два гола. Поради повреди, не тренираа Ристе Темелков,Томе Јанев,Јане Стојанов, а на повреда се жалеше и Бојан Иванов. Вчера почна да тренира Стефан Мишев.



Датум: 24.11.2017, 10:35
Статијата е прочитана 2557 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense