| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017

Бетис зимава ќе го лови Барди

*Одигра само три меча во Шпанија, постигна два гола и веднаш сакаат да го откупат од Леванте.

Шпанскиот весник „Ел Гол“ најавува дека во зимскиот преоден рок екипата на Бетис ќе се обиде да го ангажира Енис Барди од Леванте. Македонскиот репрезентативец одигра само три меча во „Примера“, постигна два гола и веднаш го сврте вниманието на останатите екипи.
Барди летово од Ујпешт за сума од 1,2 милиони еввра направи трансфер во Леванте каде потпиша договор на три години. Колку треба сега да плати Бетис за слободата на Барди!?
Спроед шпанските медиуми покрај Бетис, и Севиља, Валенсија и Реал Сосиедад ќе влезат во трка за нашиот фудбалски бисер.

 



Датум: 20.09.2017, 11:41
Статијата е прочитана 1588 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense