| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.02.2017

За Шкендија на повидок уште една загубена сезона

Се чини дека и четврта сезона по ред „Еколог“, односно Лазим Дестани, газдата на ФК Шкендија, ќе остане без титулата. Секако дека до крајот има уште многу да се игра, но Вардар сега има големи седум бода во однос на тетовци откако во неделата шампинот славеше со 3:1

Шкендија повторно е немоќна на мега-дуелите со Вардар. Ако на минатите беше играчки подобра, имаше повеќе шанси, но немаше среќа, завчера во Скопје  тетовци беа апсолутно надиграни и тие 1:3 можеа да бидат уште поголеми ако вардарци успеаја да ги реализираат сите свои шанси.
Навистина што се случува со Шкендија во последно време на овие средби кои треба да бидат дерби? Па сега не е дерби ако само една екипа победува, а тоа е Вардар. А победува лидерот и шампионот дури на четири меча во серија.
По тие завчерашни 1:3 во Скопје на Арената од Вардар, се чини дека и оваа сезона, барем во поглед на титулата, е загубена за Шкендија. И четврта година по ред „Еколог“, односно Лазим Дестани не ќе може да ѝ се израдува на титулата. А вложени се многу пари во овој проект, некои велат од 12.000.000 до 15.000.000 евра од август 2013 година па наваму.

Сега кој е виновен!?
Секако дека ништо уште не е готово. Да, по ова 20. коло Вардар има седум бода предност, но остануваат да се играат уште 16 мечеви. Значи многу бодови се во игра, но, сепак, Вардар е во прашање. Гоце Седлоски, познавајќи го каков е, секако дека нема по никоја цена да си дозволи опуштање.
Овој последниот пораз се чини дека дојде во време кога не требаше, за Шкендија. Делува и повеќе од фрустрирачки. Видете, Шкендија сака да биде прва, и има право на тоа, но само ако е подобра од Вардар. А не е, барем досега. Нема тука игравме добро, но немавме среќа. Па не можеш да немаш среќа на четири меча во серија кога губиш или не победуваш на последните седум дерби дуели. Секако дека ова е тажно за сите во клубот, посебно за големата армија навивачи.
И затоа нема оправдување и доста веќе со тоа овој е виновен, оној е виновен. Сега голманот е главниот виновник, или, пак, судијата Ставрев. Да се разбереме, можеби имаше пенал за Шкендија, но на крајот ќе беше 2:3 за Вардар. Треба чесно да се признае дека шампионот завчера доминираше и доста веќе.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 

 

 

 

 

 

 

 



Датум: 28.02.2017, 15:25
Статијата е прочитана 2828 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense