| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.10.2017

„Лавовите“ со тројка ги почестија гостите од Струга

*Убедлива победа од 3:0 славеше Македонија ЃП на свој терен со фаворизираниот состав на Струга Трим Лум

Попладнево се одиграа мечевите од седмото коло во Втората лига – Запад. Македонија ЃП со 3:0 убедливо го победи составот на Струга Трим Лум, серијата голови ја отвори Божиновски од пенал, за да следуваат головите на Настевски и Јакимовски. Лабуништа исто така убедливо го доби тимот на Еуромилк, победа од 3:0. Двоен стрелец беше Клечкароски, додека третиот гол беше дело на Симјаноски. Гостивар во Кичево го совлада домашниот Зајази со 3:1 а Тетекс со голот на Марио Станковски во последните секунди од мечот ја победи Локомотива со 2:1. Утре се игра последниот меч од ова коло меѓу Влазерими и Гостивар.

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО – ЗАПАД
ТЕТЕКС – ЛОКОМОТИВА                          2:1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ    3:0
ЗАЈАЗИ – ГОСТИВАР                              1:3
ЛАБУНИШТА – ЕУРОМИЛК                       3:0
ВЛАЗЕРИМИ – НОВАЦИ (УТРЕ)

ТАБЕЛА
1.Гостивар 13, 2.Влазерими 13, 3.Струга Трим Лум, 4.Еуромилк 10, 5.Локомотива 9, 6.Тетекс 9, 7.Лабуништа 8, 8.Македонија ЃП 7, 9. Зајази 5, 10. Новаци 5 бодови

 



Датум: 07.10.2017, 16:41
Статијата е прочитана 2360 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense