| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.01.2017

Со Србија и на Европско и во квалификации

Македонија У21 ги доби противниците за следниот квалификациски циклус. Тоа се репрезетацииите на Србија, Русија, Австрија, Ерменија и Гибралтар.

Македонската репрезентација до 21. Година ги доби противниците зза слендиот квалификациски циклус, за пласман на европскиот шампионат во Италија во 2019 година. Тоа се репрезетацииите на Србија, Русија, Австрија, Ерменија и Гибралтар. Овој квалификацисики циклус како што е познато го стартувавме од четвртиот шешир односно едне погоре од изминатиот што ќе рече дека добивме за нијавна полесни противници.
Од најсилниот шешир ја добивме Србија, репрезентација со која сме во иста група и на претстојното европско првенство во Полска. Потоа ни следува Русија уште еден сериозен состав, но такви беа и Украина и Исланд минатите квалификации па сите знаеме како минаа тие. Австрија е следниот противник со секако сериозен младински состав, а на крајот се Ерменија и Гибралтар. Тоа е новитетот во овие квалификации заедно со Косово, а конечно и ние да имаме малку среќа во ждрепката затоа што секако ова е убедливо најслаборангираната репрезентацијата во квалификациите.
Инаку според коефициентот Србија е десетто рангирана репрезентација во Европа. Австрија е на 14. место Додека Русија е 22. Ние сме 31, додека пак Ерменија е на 40. Место

ГРУПА:
Србија
Русија
МАКЕДОНИЈА
Австрија
Ерменија
Гибралтар

Мечевите се играат:
20 – 27 март 2017
5-13 јуни 2017
28 август – 5 септември 2017
2 -10 октомври 2017
19-27 март 2018
3-11 септрември 2018
8-16 октомври 2018
Плеј-оф
12-20 ноември 2018



Датум: 26.01.2017, 09:42
Статијата е прочитана 2126 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense