| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.07.2017

Шкендија го доби Норчепинг, Работнички би можел кај Тричко

Тимот на Давид Митов Нилсон, Норчепинг, е следната пречка за Шкендија. Работнички пак би играл со победникот од дуелот меѓу Корк Сити и Аек Ларнака

Ако Шкендија го мине Хелсинки, тогаш ривал во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа ќе и биде шведскиот Норчепинг, тимот на ншиот репрезнетативевен голман Давид Митов Нилсон.

Од друга страна пак ако Работнички мине во следната фаза, тогаш во 3.квалификациско коло за ривал ќе го има победникот од дуелот меѓу Корк Сити и Аек Ларнака. Да потсетиме дека во тимот од Кипар настапуваат Тричковски и Мојсов.

Првите мечеви кои се закажани за 27 јули, Шкендија и Работнички би гостувале, додека реваншите се играат една недела подоцна во Македонија.



Датум: 14.07.2017, 13:26
Статијата е прочитана 4863 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense