| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.06.2017

Бејтулаи после евро настапот со Шкендија, оди во Грасхоперс


Се чини дека Егзон Бејтулаи ги игра последните натпревари во „црвено - црниот“ дрес


Егзон Бејтулаи е пред трансфер во Грасхоперс, во еден од најголемите клубови во Швајцарија. „Македонски Спорт“ тоа го пишуваше уште пред две - три недели кога трансферот се „крчкаше“ но сега се е веќе готово. Така велат нашите информации, па така по се изгледа дека одличниот млад стопер и актуелен репрезентативец ги игра последните мечеви за својот клуб со „црвено - црна“ боја. Тој откако ќе завршат настапите на Шкендија во Европа оди во Швајцарија на потпис.

Валтер успеа да го купи

За овој трансфер „виновен“ е никој друг туку Матијас Валтер, сегашниот менаџер на Грасхоперс инаку екс спортски менаџер на Шкендија. Тој беше во Скопје во периодот кога нашата млада репрезентација беше на подготовки за ЕП во Полска. Разговараше со него но разговараше и со раководството и веројатно успеал да се договори. Колку за потсетување Матијас Валтер многу добро ги познава квалитетите на Бејтулаи. Имено во времето кога тој беше во Тетово, еден од првите негови трансфери беше оној на Бејтулаи од Тетекс во Шкендија.



Датум: 29.06.2017, 10:56
Статијата е прочитана 4599 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense