| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.05.2017

ТУРНИР ЗА ИГРАЧИ ДО 15 ГОДИНИ: Македонија поразена од Северна Кореја

Во првиот меч на овие две селекции во историјата, „црвено-жолтите“ загубија со 0:3 на пријателскиот турнир во Кина

Македонија и Северна Кореја за прв пат во историјата на двете фудбалски федерации одиграа еден натпревар. Станува збор за тој на турнирот во Кина за играчи до 15 години каде што една од најзатворените држави не победи со убедливи 3:0.
Момците на селекторот Марио Вујовиќ немаа сили да се спротистават на Севернокорејците кои покажаа завидно ниво на фудбалски талент и знаење. Ова беше втор таков меч за Македонија на пријателскиот турнир, откако на премиерата против домаќинот одигравме 1:1. Во третиот меч, нашата селекција в недела ќе се соочи со Киргистан.



Датум: 26.05.2017, 16:55
Статијата е прочитана 1790 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense