| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.03.2017

Дору ќе бира нови Македонци

Спортскиот директор на Јокохама утре ќе гледа Македонија – Бугарија

Спортскиот директор на јапонскиот тим Јокохама, каде што во моментов настапува Давид Бабунски, Романецот Исак Дору денеска во живо ќе го следи натпреварот поеѓу младинските репрезентации на Македонија и Бугарија. Романецот кој има огромно фудбалско искуство зад себе и има соработувано со фудбалски величини како Арсен Венгер кога овој беше тренер на Нагоја Грампус, Карлос Квеирош, Бора Милутиновиќ и многу други во моментов е дел од јапонскиот тим.
На функцијата спортски директор е од 2016 година и се реши својот пулен Бабунски на мечот против Бугарија да го следи во живо. Освен тоа тој многу веројатно ќе следи уште неколку наши млади репрезентативци кои во последно време и тоа како покажаа дека се вредни на европскиот но и светски фудбалски пазар.

 



Датум: 27.03.2017, 18:58
Статијата е прочитана 3427 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense