| контакт | маркетинг

12.11.2017

Фетел мајсторски во Сао Пауло

Германецот Себастијан Фетел е победник на 19. трка во Формула 1 или претпоследна сезонава на патеката „Жозе Карлос Пачи“ или попозната како „Интерлагос“

 Зад него завршија финското дуо Валтери Ботас (Мерцедес) и Кими Рајконен (Ферари). Шампионот Луис Хамилтон заврши на четвртата позиција но тоа и не е толку важно веќе затоа што Британецот уште претходно ја осигура шампионската титула во Формула 1 шампионатот. Да потсетиме дека Хамилтон по сударот во квалификациите стартуваше од боксот и успеа да дојде до четвртото место.
За Фетел тоа беше петти триумф сезонава, по победите во Австралија, Бахреин, Монако и Унгарија, додека пред него е само новиот првак Хамилтон со девет триумфи. Финишот на сезоната ќе биде во Абу Даби на 26 ноември. Фетел сега има 47 триумфи во кариерата.

Борбата за победа во Сао Пауло практично беше решена на самиот старт, кога Фетел успеа да го претекне Ботас кој стартуваше од пол позицијата. Германскиот возач рутински ја одржуваше предноста, иако возачот на Мерцедес во финишот почна да го стигнува меѓутоа не и да ја загрози неговата победа.
Инаку на патеката се случија два инциденти поради кои на патеката излезе безбедносното возило, а трката беше готова за Окон, Вандорн, Магнусен и Хартли . Хамилтон го искористи излегувањето на безбедносното возило за да се пробие кон врвот постепено претекнувајќи ги ривалите, но успеа да стигне само до четвратата позиција.
Миленикот на домашната публика Фелипе Маса го освои седмото место, но беше повикан на подиумот за да се прости од своите навивачи. Како што знаете Маса ќе се пензионира по завршувањто на сезоната.


47 победа во кариерата за Фетел
173 победа за германски возач во Ф1
82 победа за германски возач за Ферари
391 место на подиумот за германски возач



Датум: 12.11.2017, 19:16
Статијата е прочитана 1698 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense