| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

Во последен момент: Агим Ибраими се сели во Динамо Москва

Иако требаше да потпише со Домжале, сепак, некогашниот македонски репрезентативец ќе оди во таборот на рускиот прволигаш

Само детали го делат Агим Ибраими од потпис со Динамо Москва. Славниот руски клуб лани играше во понизок ранг, но оваа година експресно обезбеди учество во „елитата“, и го сака Ибраими како засилување во екипата.

Ибраими беше пред враќање во Словенија и преселба во Домжале, меѓутоа очигледно дека во последен миг ќе се смени и ќе потпише за тимот од Москва. Со тоа после неколку месеци Ибраими ќе има клуб и ќе може да му се врати на клупскиот фудбал, а тоа е предуслов и за „кам-бек“ во националниот тим.

 



Датум: 02.09.2017, 09:16
Статијата е прочитана 2886 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense