| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.08.2017

Спировски: Вардар нека продолжи да ја радува Македонија

 „Благодарност до Вардар за убавите мигови и за фер и коректната соработка. Им посакувам да направат уште поголем успех во Европа“, рече Спировски

Стефан Спировски го напушти тимот на Вардар и потпиша за Ференцварош. После одличните настапи со екипата во Европа, тој стави потпис на тригодишниот договор со еден од најдобрите клубови во Унгарија. Спировски се заблагодари на Вардар, надевајќи се дека некогаш повторно ќе го облече дресот на Вардар.
„По долги преговори конечно потпишав тригодишен договор со еден од најдобрите клубови во Унгарија. Ова е за мене нов предизвик во кариерата. Благодарност до Вардар на тренерите на играчите и на управата за овие три години на фер и коректната соработка. И се надевам дека еден ден ќе се вратам во Вардар. Им посакувам успех во Европа, да продолжат каде што застанавме. Верувам дека може да направат успех во оваа група“, вели Спировски.



Датум: 28.08.2017, 16:46
Статијата е прочитана 1962 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense