| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.01.2018

Шампионот кон Анталија без Николов и без Муслиу

Двајцата фудбалери само го потврдуваат своето заминување од таборот на „црвено-црните“

Шампионот утринава замина на подготовки во Анталија. Без Бобан Николов и Висар Муслиу, Вардарци отпатуваа во Турција каде остануваат во следните 20 дена. Николов оди во Видеотон, додека Муслиу треба да прифати една од понудите на Омонија или на Академија Пушкаш.

Исто така со првакот утринава не отпатува ниту Петар Петковски кој што е на излезна врата од таборот на првакот. Дарко Велковски кој што веќе има договорен трансфер во Риека, ќе оди на подготовките во Анталија.

Вардарци во Анталија остануваат до 5. февруари и ќе одиграат шест контролни натпревари.



Датум: 16.01.2018, 07:54
Статијата е прочитана 1873 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense