| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.08.2017

Пелистер победнички во одбрана на пехарот

Со двата гола на Бразилецот Силва и еден на неговиот сонародник Лукас, екипата на пелистер со триумф ја почна одбраната на трофејот во Купот на Македонија

Битолчани беа доминантни во секој момент од дуелот против Беласица, која ја совладаа со 3:1. Своите голови Силва ги постигна во првото, додека Лукас во второто полувреме. Се што струмичани направија на овој дуел беше голот на Пепи Горгиев, со кој намалија на 2:1.
Во останатите средби најмногу се мачеше екипата на Шкупи на гостувањето кај Зајази. Чаирчани губеа на полувреме со 2:1, но во последните дваесетина минути од средбата направија целосен пресврт за триумф 4:2. Најдраматично беше на дуелот меѓу Кожуф Гевгелија и Новаци каде гевгеличани поминаа по изведувањето на пенали со 7:6, откако регуларниот дел од средбата заврши 1:1.

РЕЗУЛТАТИ
ЗАЈАЗИ – ШКУПИ 2:4
ВАРДАР НЕГОТИНО – ЕУРОМИЛК 3:5
ТИКВЕШ – РЕНОВА 0:1
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР 1:3
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – НОВАЦИ  1:1 (0:0) ПЕН. 7:6 
БОРЕЦ – ВЕЛАЗЕРИМИ 4:0
ТЕТЕКС - ХОРИЗОНТ ТУРНОВО 2:1
МОГИЛА БИ МИЛК – СИЛЕКС 0:6
ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1:2
ПЛАЧКОВИЦА – ПОБЕДА 0:4
СТРУГА ТРИМ-ЛУМ - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1:0
ССК НОВА - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:6
ЛИХНИДОС – СКОПЈЕ 0:3 (СЛУЖБЕНО)
30 АВГУСТ
ЛОКОМОТИВА – ВАРДАР
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА

 



Датум: 16.08.2017, 19:43
Статијата е прочитана 2486 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense