| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.04.2017

Пандев со „порака“ до Лацио

Горан Пандев во саботата го постигна својот прв првенствен гол за Џенова, по што со прославата призна дека сакал да упати порака до главните луѓе на својот екс-тим Лацио

Пандев вели дека не се забораваат лагите и клеветите кои ги има добиено од сопственикот и претседател на римскиот тим, Клаудио Лотито.
„Среќен сум за голот, а особено и за натпреварот. Мило ми е што се врати Јуриќ. Важно е за мене што дадов гол, а прославата беше упатена кон раководството на тимот, односно претседателот Лотито кој кажа многу лаги за мене. Во Лацио поминав неколку убави сезони, но, сега сум во Џенова и сакам да останам тука" изјави Пандев.
Со ова реми од 2:2, Џенова ја прекина лошата серија од пет натпревари каде што на крајот беа поразени.



Датум: 16.04.2017, 09:51
Статијата е прочитана 4888 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense