| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.10.2017

НЕ „ПУКАМЕ“ А ИМАМЕ ШАНСИ ЗА ЕЛИТА

*Фудбалерите до 17 години одиграа 0:0 против Словачка. По две кола немаме дадено гол но имаме два големи бода во битката за следната квалификациска фаза

Репрезентацијата на Македонија до 17 години попладнево го одигра својот втор меч од квалификациите за ЕП. Скопје е домаќин на групата а нашите момци со нови 0:0, овојпат против првиот фаворит - Словачка. Станува збор за голем бод затоа што шансите да се пласираме во елитната група се големи.
Словачка беше составот кој беше поблиску до денешната победа. Гостинот имаше неколку одлично шанси за гол но нашиот чувар на мрежата Матеј Андов, беше херојот на „рисовите“. Одбрани 3-4 зицери на Словачка и храбро го бранеше нашиот гол. Честитки заслужува комплетната одбрана затоа што нашите момци опд 10. минута играа со играч помалку. Исклучен беше напаѓачот Тошевски кој направи непотребен  неспортски старт. Во последните 3-4 минути и гостите играа со 10 фудбалери затоа што Бобчек заработи исклучување.
Македонија пред неколку дена одигра 0:0 и против БиХ која е втор фаворит во групата. Шансите оваа генерација да оди во елитата се големи. Треба во недела да славиме над аутсајдерот Молдавија а Словачка и БиХ да не одиграат „договорено“ реми.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП - РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Македонија - Словачка     0:0
БиХ - Молдавија       4:0
ТАБЕЛА:
1. БиХ 2 1 1 0 4:0    4 бода
2. Словачка 2 1 1 0 2:0 4
3. Македонија 2 0 2 0 0:0 2
4. Молдавија 2 0 0 2 0:6 0
ПОСЛЕДНО КОЛО (недела 15:00)
Македонија - Молдавија
Словачка - БиХ



Датум: 05.10.2017, 17:03
Статијата е прочитана 1401 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense