| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.05.2017

Дураковиќ на проба во катарски Ал Хор

Младиот и перспективен голман на Металург, Мирза Дураковиќ веќе неколку дена се наоѓа во Катар, каде што е дел од тимот на Ал Хор

Чуварот на мрежата замина на блискиот исток на барање на управата на клубот која е заинтересирана да го ангажира, и која сакаѓе во живо да се увери во неговите квалитети. Шампионатот на оваа земја заврши пред неколку дена и следува пауза. Дураковиќ во следните неколку дена ќе одработи неколку тренинзи, а веројатно и пријателски натпревар за да ги потврди неговите квалитети пред стручниот штаб, и управата на клубот.
„Што да кажам друго освен тоа дека во моментов сум дел од клуб кој има неверојатно услови за работа. Па се работи за Катар како и би било поинаку нели. Ќе се обидам во следните неколку дена да ја оправдам довербата која ми е дадена, и да обезбедам перманентен договор со клубот“ - вели Дураковиќ од Катар.
Клубот имаше проблеми на резултатски план изминатата сезона и сака да направи озвежување на сите позиции.



Датум: 09.05.2017, 17:02
Статијата е прочитана 4409 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense