| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.01.2017

„Хероите“ ќе се тестираат со Бугарија

Младата репрезентација на Македонија во март ќе одигра пријателски натпревар, најверојатно, со селекцијата на Бугарија.

Големи се шансите репрезентацијата на нашиот источен сосед да гостува во Скопје и натпреварот да се игра на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во нашиот главен град.
Селекцијата ќе се воигрува за претстојното Европско првенство, и за идниот квалификациски циклус. Составот на Бугарија главно е составен од домашни играчи. Сепак, најпознат е Радосав Цонев, кој настапува за тимот на Лече.
За избраниците на Благоја Милевски, пак, ќе биде добра можност да се видат некои нови играчи, со оглед дека главните од оваа селекција ќе бидат со обврски со сениорската селекција која во тој период има натпревар со Лихтенштајн, а потоа и пријателски меч со Белорусија.



Датум: 31.01.2017, 19:43
Статијата е прочитана 1350 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense