| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.04.2017

Без пријателски до Шпанија?

Како што стојат засега работите, може многу лесно да се случи нашата најдобра фудбалска репрезентација да нема „тестови“, односно пријателски средби до 11 јуни, до квалификацискиот меч за СП со Шпанија која се игра на „Телеком Арената“ во Скопје

По победите над Лихтенштајн и Белорусија со по 3:0, како да пораснаа апетитите, особено по големиот скок на ФИФА листата. Објективно на избранците на селекторот Игор Ангеловски им треба силна контрола против репрезентација која може да се победи. Како прво да се подобри ранкингот но и да се зголеми самодвербата пред тој дуел со „фуријата“.
Но, како што велат нашите информации, сега засега ФФМ нема договорено пријателски меч, којзнае, можеби тоа ќе се случи деновиве. Ангеловски во една своја изјава истакна дека посакува пријателски или пријателска непосредно пред 11 јуни.
Кога сме кај репрезентацијата да кажеме дека со Шпанија, а ако се договори пријателски меч и претходно, Ангеловски нема да може да смета на хероите. Тие во тој период ќе ги одработуваат последните тренинзи пред ЕП во Полска кое се одржува од 16 до 30 јуни.
Инаку ривал на Шпанија пред нејзиното доаѓање во Скопје во пријателски меч ќе биде селекцијата на Колумбија, меч кој се игра на 7 јуни.



Датум: 22.04.2017, 08:51
Статијата е прочитана 1451 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense