| контакт | маркетинг

23.02.2017

Мерцедес имаат „пеколен“ болид во В08

Светските шампиони Мерцедес официјално го промовираа својот нов болид за 2017, В08 во Силверстоун, Англија

Болидот веќе помина неколку кругови утрото како дел од „денот за снимање“ на ФИА, со Луис Хамилтон зад воланот.
„Возбудливо е да се види како работите доаѓаат на своето место. Од работата во воздушниот тунел, до изградбата на шасијата, до подесувањето на седиштето. Болидот, нормално, се чувствува поширок, а предните гуми изгледаат огромно. Ова не беше тест, така што круговите не беа конкурентни, така што едвај чекам да тргнеме побргу“, вели Хамилтон.
Поранешниот возач на Вилијамс, Валтери Ботас беше донесен како замена за пензионираниот светски шампион Нико Розберг, и пресреќен е што доаѓа во доминатниот тим.
„Ова е голем ден за мене. Да се вози првпат ’Сребрената стрела’ е многу посебно“, вели Ботас.



Датум: 23.02.2017, 17:19
Статијата е прочитана 693 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense