| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

20.03.2017

Освежување во нападот на Велс

Овој месец Велс ќе го игра само квалификацискиот натпревар против лидерот на табелата во групата Д, Република Ирска, во Даблин па не смее да си дозволи пораз затоа драстично ќе ги намали шансите за директен пласман на Мундијалот во Русија

Селекторот Крис Колман го освежи составот со тоа што отпиша дел од искусните како Черч, Котерил, Крофтс, Метјус, Воган, а на нивно место повика нови играчи меѓу кои двајца тинејџери.
Едниот од нив е капитенот на тимот на Ливерпул до 23 години Хари Вилсон. Овој играч го направи дебито за сениорите на Велс со 16 години и 207 дена и постави рекорд по најмлад репрезентативец. Сега повторно е во сениорскиот тим.
И 17-годишниот Бен Вудберн е вклучен во тимот. Тој направи деби во првиот тим на Ливерпул и даде два гола во Лига купот.
Првиот настап го очекува и дефанзивецот на МК Донс Џо Волш. Во составот повторно е напаѓачот на Барнли Том Бредшоу, кој дебитираше во поразот од Украина минатиот март.

 

 



Датум: 20.03.2017, 19:43
Статијата е прочитана 1122 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
27.06.2017
27.06.2017
27.06.2017
27.06.2017
27.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense