| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.12.2017

АДСДП го „масакрираше“ Вардар...

Скандалозно, иако се најавуваше намалување на цените за користење на Арената, Вардар и Работнички мора да го платат играњето на „Филип Втори“ по новите цени

И повеќе од скандал. Како да некому не му одговара играњето на Вардар и Работнички на Арената „Филип Втори“!?
Имено од известувањето кое ви го приложуваме се гледа последната одлука на АДСДП, односно раководството на Арената, дека Вардар и Работнички мора да ја платат новата цена на користење на Арената. Тоа е 3.000 евра по натпревар од Првата лига, 6.000 евра за ноќен меч и цели 40.000 евра од натпревар во Лигата на Европа.
Од ова произлегува дека не се вратени старите цени како што беше ветено од страна на АДСДП односно раководството на Арената пред два месеци. Од овој допис убаво се гледа дека се известуваат клубовите дека цената мора да ја платат во целост и дека ќе важи одлуката на Арената за зголемување на износот за користење на услугите. Значи не помогнаа ветувањето дека цените ќе се намалат и од страна на Агенцијата за млади и спорт



Датум: 03.12.2017, 13:22
Статијата е прочитана 3450 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense