| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.03.2017

Ристовски и Жута преку Ејупи и Петровиќ во финалето на хрватскиот куп

Со четворица македонски фудбалери на теренот, Риека и во вториот полуфинален меч славеше над Осјек, овој пат со 2:0 и со вкупен резултат 5:1 ќе го нападне Динамо Загреб во финалето од хрватскиот куп

Стефан Ристовски и Леонард Жута со својот тим Риека се пласираа во финалето на хрватскиот куп. Во дуелот на четворицата Македонци, сите стартери, каде што од спротивната страна беа Музафер Ејупи и Милован петровиќ од Осјек, Риека во реваншот победи со 2:0. Со вкупен резултат од 5:1 ќе го нападне Динамо Загреб кој е актуелен освојувач на оваа титула.

Откако во првиот дел немаше погодоци, домаќините во продолжението останаа со играч помалку откако Лесјак доби ццрвен картон. Тоа знаеше да го искористи Ријека која набрзина со автоголот на Скориќ (52’) и голот на Андријашевиќ во 57. минута го потврди пласманот во финалето.



Датум: 15.03.2017, 19:10
Статијата е прочитана 1368 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense