| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.09.2017

Фенербахче го слави полнолетството на Елиф

Фудбалскиот „дијамант“ утре слави роденден и полни 18 години а по денешниот тренинг фудбалерите на Фенербахче и стручниот штаб го славеа полнолетството на Елиф Елмас

Од утре Елиф Елмас е полнолетна личност која има прави да прави трансфер и да игра како странец во Турција. Токму поради тоа што неговото полнолетсво е на 27 септември тој не беше навремено регистриран во турската фудбалска федерација (ТФФ) иако доби дозвола за настап од ФИФА.
Но, во Фенербахче попладнево се слави роденденот на нивниот Елиф Елмас. Комплетниот прв тим и стручниот штаб беа на церемонијата кога Елиф Елмас ја сечеше тортата и кога честеше за своето полнолетство. Почнаа и честитките од милионите фанови кои ги има Фенербахче. Церемонијата од сечењето на тортата Фенербахче ја објави на социјалните мрежи.
Среќно полнолетство Елиф Елмас!



Датум: 26.09.2017, 19:14
Статијата е прочитана 2642 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense