| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.07.2017

Флорент Османи потпиша за Скопје

Тимот од Автокоманда со големо засилување, договорот важи една година


Флорент Османи е првото големо засилување за екипата на Скопје за нејзино враќање во Првата лига. Османи е 29-годишен напаѓач, кој може да игра на сите позиции во офанзивната линија. Минатата сезона ја заврши во екипата на Лирија од Призрен, но летово му заврши договорот таму, по што одлучи да се врати во Македонија. Тој веднаш се приклучи на тренинзите на своите соиграчи, кои неделава ги почнаа подготовките за новата сезона. Договорот со тимот од Автокоманда е во траење од една година, по што фудбалерот и раководството на клубот ќе ги разгледаат можностите за евентуално продолжување на соработката.
Османи настапуваше во косовското првенство шест месеци, отако во минатиот зимски преоден рок замина од екипата на Шкупи. Претходно, во период од две и пол сезони, беше еден од најстандардните фудбалери во чаирскиот клуб.

 



Датум: 07.07.2017, 10:46
Статијата е прочитана 3700 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense