| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.11.2017

Втора лига исток: Гостите не „видоа“ бод

Сите домашни екипи триумфираа во источната Втора лига. Беласица остана на врвот, и сега по „киксот“ на Борец бега четири бода пред стартот на пролетниот дел

Во директната пресметка за третото место, Кожуф ја совлада екипата на Брегалница со 4:1 и со тоа ја заврши есенската полуетапа на „пиедесталот“. „Кикс“ ова коло направи Борец кој што со поразот во Кавадарци од Тиквеш (2:0) не успеа да му се доближи на лидерот пред почетокот на пролетниот дел.
Плачковица беше подобра од Победа Валандово, додека Саса како домаќин ја совлада екипата на Осогово со 2:0.

РЕЗУЛТАТИ:
Каменица Саса - Осогово 2:0
Плачковица - Победа В.  4:1
Тиквеш - Борец 2:0
Кожуф - Брегалница 4:1

ТАБЕЛА:
1. Беласица 30
2. Борец 26
3. Кожуф 25
4. Брегалница 25
5. Тиквеш 21
6. Плачковица 21
7. К. Саса 14
8. Победа В. 11
9. Осогово 8



Датум: 25.11.2017, 16:01
Статијата е прочитана 1028 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense