| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.11.2017

Шкендија на спектакуларен начин до есенската титула

Тетовските „црвено-црни“ ја демолираа Ренова и веќе се недостижни на првото место на табелата по првиот дел

Шкендија ја торпедираше Ренова во Тетово со 6:1 во рамките на 17. коло на македонската Прва лига и со тоа им испрати убава роденденска честитка на своите навивачи „Балистите“ кои слават 25 години постоење. По два гола постигнаа Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, а по еднаш во мрежата гаѓаа Жуниор и младиот Шефити.
Шкендија ја помина границата од 50 гола и тоа по само 17 кола. Моментално гол-разликата им е 52:18. До крајот на есенскиот дел има уште едно коло, а Шкендија има 43 бода односно 14 бода повеќе од вториот Вардар кој има и два меча помалку.

 



Датум: 25.11.2017, 14:59
Статијата е прочитана 2878 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense