| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.06.2017

Турците голот не го видоа

Верувале или не, турскиот национален тим немаше ниту еден удар кон, па и надвор од рамките на голот на Македонија

Ако од Македонија очекувавме да игра цврсто во одбрана и да не им дозволи на Турците многу да се размавнат, не очекувавме такво бледо издание на Турција. Без обид кон голот на Македонија во текот на целите 90 минути, без ниту една шанса. Беа „печени“ за пораз во Скопје, меѓутоа Тричковски не успеа да им го нанесе конечниот удар. И Македонија немаше завршница, па така резултатот остана оној почетниот.

Македонија после долго време не прима  гол, а селекторот на Турција Фатих Терим сигурно има многу што да им каже на своите играчи после ова катастрофално издание во нападот, и покрај тоа на теренот видовме „ѕвезди“ како Туран, Мор, Мали, Гонул...

И статистиката од натпреварот доволно кажува дека Турција не успеа да упати ниту еден удар кон голот.

МАКЕДОНИЈА  ТУРЦИЈА
7 корнери 2
8/3 удари/во 0/0
12 прекршоци 13
2 офсајди 4
1 ж. картони 3



Датум: 05.06.2017, 22:16
Статијата е прочитана 6235 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense