| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.11.2017

Алиоски погодува, но Лидс губи (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец му даде гол на Брентфорд

Лидс јунајтед изгуби на гостувањето кај Брентфорд со 1:3 во рамкитена 16 коло во англиската Чемпионшип дивизија и тоа поради два примени гола во финишот на мечот. Лидс имаше реми во „џеб“ меѓутоа со погодоците на Барбет и Вуд во 85 односно 93 минута Брентфорд ги однесе трите бодови. Претходно Шефилд поведе во 22 минута со голот на Мопеј, а изедначи Езгјан Алиоски во 67 минута. Тој се најде на вистинското место по грешката на противничкито голман и со глава ја испрати топката во мрежата.
Лидс подолго време е во криза. Првпат по август тимот од Јоркшир излегува од топ 6 екипите, а поразот од Брентфорд е шести во последните седум натпревари.

Алиоски го постигна вториот свој гол во дебитантската сезона во Чемпионшип. Првиот гол македонскиот репрезентативец го постигна против Нотингем на 26 август.


 



Датум: 04.11.2017, 23:40
Статијата е прочитана 691 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense