| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.07.2017

Твенте е новиот клуб на Никола Ѓорѓев

Нашиот репрезентативец се пресели во Холандија на двегодишна позајмица

Никола Ѓорѓев својата кариера ќе ја продолжи во холандскиот тим Твенте. Македонскиот младински, но и сениорски репрезентативец по успешниот настап на европското првенство во Полска, одлучи да ги промени клубските бои и да замине во Холандија.
Твенте е неговиот нов клуб, каде што ќе престојува две години на позајмица. Неговиот матичен клуб Грасхоперс не сака да го ослободи од обврските, па затоа одлучи да го позајми на Твенте. Напаѓачот уште на стартот на летото најави заминување од Швајцарија затоа што таму објективно немаше минутажа и покрај квалитетот кој нашиот репрезентативец го има.
Ѓорѓев денеска го потшишува договорот, а од понеделник веќе ќе биде дел од екипата која, секако, во моментов се подготвува за следната сезона. Тој воедно за прв пат фудбалски ја напушта Швајцарија, каде што досега целосно настапуваше за екипата на Грасхоперс од најмали категории.

 



Датум: 06.07.2017, 11:09
Статијата е прочитана 5256 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense