| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.07.2017

И Јетон Беќири во Фљамуртари


Еден од нашите најталентирани тренери ќе му биде прв асистент на Шпетим Дуро

Тандемот Шпетим Дуро - Јетон Беќири повторно ќе работи заедно, како некогаш во Шкендија. Имено, од вчера нов член на стручниот штаб на Фљамуртари, еден од најдобите клубови во Албанија, е Јетон Беќири. Тој е новото име во овој клуб во летниот преоден рок, по Горан Силјановски, Мухамед Усеини, Артим Положани и Нилдо Виктор Јуфо. Сите тие некогаш работеа под водство на Шпетим Дуро во Шкендија, и сега тој ги ангажира да му помогнат во Фљамуртари.
Беќири беше на клупата на Шкендија секогаш кога на тетовци им „гореше“ и секогаш тој имаше успеси со  тимот, но не доби шанса која ја заслужуваше. Знаејќи за неговите тренерски квалитети, Дуро го повика во Фљамуртари да му биде прв асистент а Беќири прифати.



Датум: 19.07.2017, 10:17
Статијата е прочитана 2953 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense