| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.04.2017

Шкендија казнета со шест меча играње без публика

Има и парична казна за тетовци која изнесува 1.200 евра. Тоа значи дека утрешното дерби ќе се игра пред празни трибини, исто така тоа значи дека во наредниот шампионат двапати Шкендија ќе игра пред празни трибини кога ќе биде домаќин

Дисциплинската комисија се изјасни. ФК Шкендија доби казна од шест меча играње на својот стадион без публика. Тоа е поради инцидентот што се случи минатата среда на куп средбата со Вардар кога домашни навивачи влегоа на терен и кога фрлаа предмети врз гостите од Скопје. Инаку тоа значи дека оваа казна, ако не се намали, ќе трае и во наредната сезона. Два меча во сезоната 2017/2018 тетовци како домаќини ќе играат без присуство на публика.
Дисциплинската комисија го казни клубот од Тетово и со 1.200 евра. Инаку и официјално се поведе дисциплинска постапка против ФК Шкупи за настаните од Чаир.



Датум: 25.04.2017, 17:14
Статијата е прочитана 7045 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense