| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.07.2017

Пелистер не можеше ни во Струмица

Екипата на Пелистер го заврши настапот во квалификациите од Лигата на Европа со нов пораз од полскиот Лех Познањ

Полјаците, уште еднаш покажаа дека се посилен противник од битолските „зелено-бели“ и по триумфот во првиот дуле од 4:0, овојпат во Струмица славеа со 3:0.
„Пелистерци“ го одржуваа егал резултатот од 0:0 до 39 минута, кога нивната одбрана имаше момент на пад на концентрација при еден корнер на Полјаците, по што Лукаш Тралка сосема сам со глава ја заби топката во мрежата на Пелистер.
Во второто полувреме, битолчани нешто повеќе ја имаа топката во своите нозе, но тоа беше само привидна контрола на случувањата, со оглед на тоа што полската екипа релативно лесно постигна уште два гола преку Дарко Јевтиќ во 66 и Камил Јозвијак во 77 минута, кои реализираа по контранапади, користејќи ја лошата поставеност и разретченоста на одбраната на Пелистер.

 


 



Датум: 06.07.2017, 19:03
Статијата е прочитана 2420 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense