| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.12.2017

Муслиу: Можеме до добар резултат против Розенборг

Вардар в четврток го игра последниот меч од групната фаза од Лигата на Европа

Во пресрет на последниот натпревар на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа за оваа сезона, нашиот актуелен шампион се подготвува максимално со надеж дека конечно ќе биде освоен првиот бод. Како што е познато Вардар досега одигра пет меча сите ги загуби, а норвешкиот тим е шанса конечно „нулата“ на бодовлното салдо да се промени со нешто друго.

Со Розенборг не очекува тежок предизвик. Но ние имаме тим, имаме квалитет, имаме екипа за да се носиме со овој противник, и се надевам дека ќе дојдеме до добар резултат“ - вели стоперот Висар Мислиу, а на прашањето како и дали Вардар може да му се спротивстави на овој противник, вели.

Секако дека може. Го играат оној типичен скандинавски фудбал со долги топки, со силни дуели, но ние имаме во тимот играчи токму за таков вид на фудбал, имаме фудбалери кои се доволно искусни за вакви натпревари и се надевам дека ќе ги освиме првите бодови во оваа наша премиерна кампања во Лигата на Европа“ - рече Муслиу.

На прашањето дали Вардар можеше и повеќе да постигне во целиот овој настап во Лигата на Европа, Муслиу вели:
Најпрво е многу битно што воошто учевствуваме во оваа групна фаза. Резултатите не се реалната слика како ние ги доигравме овие мечеви, сепак, ова е за нас едно големи искуство кое ќе ни користи во иднина“.

 



Датум: 05.12.2017, 14:15
Статијата е прочитана 623 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense