| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2018


Ангеловски: Да ги одбегнеме Ерменија и Косово


*Селекторот Игор Ангеловски пред ждрепката за Лигата на нации во  среда со свој став:„Немам некои посебни желби, противниците не се наивни но, еве би сакал во нашата група да не се паднат Ерменија и Косово“.

 


Во среда (24 јануари) во Лозана (Швајцарија), ќе се одржи ждрепката за Лигата на нации, преку која ќе се знаат оние селекции кои преку ова натпреварување на УЕФА ќе изборат пласман на ЕП 2020 година. Ако повеќе од 23 години, откако нашата најдобра селекција учествува во квалификациите за ЕП или СП, не успева да оствари пласман на една голема фудбалска манифестација, тогаш сите се сложуваат дека ова е шансата за такво нешто. Дали ќе ја зграпчиме, останува да се види.По повод ждрепката во Лозана во среда, за „Македонски спорт“ свое видување дава селекторот Игор Ангеловски.


И Мрме во Лозана

Претходно да споменеме дека Ангеловски лично ќе биде присутен на ждрепката во Лозана и дека во живо ќе следи со кого тоа Македонија ќе се падне во Лигата на нации во сегментот „Д“.
„Не е тајна, ова е голема шанса за Македонија да оствари еден добар резултат за паметење. Целта е пласман во плеј-офот а со малку среќа и нешто поголемо. Нема лесни и наивни ривали во Лигата на нации, сите мора да се респектираат. Но, секако дека треба да се респектира и нашата репрезентација, треба да се респектира и Македонија“истакнува Ангеловски.
Во сегментот „Д“ во Лигата на нации, Македонија е сместена во најдобриот пот или „А“ групата и тоа заедно со Азербејџан, Белорусија и Грузија. И со нив може да играме само во плеј-офот или во финалниот меч за пласман на ЕП. Македонија од втората група  може да се падне со Ерменија, Летонија, Ф. Острови и Луксембург.
„Што се однесува од сите овие селекции немам посебни желби, единствено не сакам да ни се падне Ерменија. Од третата група пак во која се Казахстан, Молдавија, Малта и Лихтенштајн би сакал за противник да ја добиеме оваа последната селекција, на Лихтенштајн. И на крај во последната група се Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар и би сакал да ја избегнеме селекцијата на Косово“ потенцира Ангеловски.

 

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 

 


 



Датум: 22.01.2018, 17:25
Статијата е прочитана 1767 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense