| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.11.2017

ПО ПОБЕДА ЗА ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА И ЗА „БАЛИСТИТЕ“

Со бод, Шкендија и официјално ќе ја заврши есенската полусезона на првото место на табелата. Спектаклот ќе биде надополнет со прославата на 25. роденден на „балистите“

Само бод ја дели Шкендија од есенската титула или есенски првак во сезоната 2017-2018. Во случај Вардар да не победи во Струмица, тетовските „црвено-црни“ може и со пораз на денешниот дуел со Ренова да презимат на челното место на табелата. Но Шкендија сака со стил да го одигра дербито на Тетово, на „гостувањето“ кај Ренова.
Но за Шкендија нешто подолу. Имено, Ренова им е домаќин и на „гипсарите“, исто така бодовите им се повеќе од потребни.
Тренерот на „гипсарите“, Влатко Костов, не може да смета на Рамадани, кој е под суспензија, и на стоперот Костов, кој е повреден, но затоа Мишковски се враќа меѓу стартните единаесетмина.
„Ќе играме за да ја продолжиме победничката серија и ќе играме за со победа да им го честитаме јубилејот на нашите фанови“, вели Стенио Жуниор, офанзивецот на Шкендија

 



Датум: 25.11.2017, 11:01
Статијата е прочитана 655 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense