| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.05.2017

Нов рафал кон Томас Брдариќ

Навивачите на Шкендија огнените стрели за новата неуспешна сезона ги фрлаат кон тренерот. Германецот ја живее истата судбина како и неговирте претходници Акраповиќ, Дуро, Кознику, Ференчина...

Готово е со титулата иако за тоа ќе се почека до недела кога Вардар со победа над Македонија Ѓ.П ќе ја осигура десетата круна во домашниот шампионат. Тоа значи дебакл за Шкендија која е неконкурентна на лутиот ривал уште од февруари. Двоцифрена предност на Вардар, лоша серија на резултати и повторно финалето во Купот на Македонија како утеха.
Попладнево Шкендија загуби со 1:0 од Победа. Киксна и Вардар но разликата е +13 бодови. Тоа ги боли „балистите“ кои веднаш огнените стрели ги насочија кон Томас Брдариќ. Се бара негова смена и настап на Шкендија со млади фудбалери до крајот на сезоната. Германскиот стратег ја живее истата судбина како и неговите претходници Бруно Акраповиќ, Шпетим Дуро, Адријан Кознику, Рој Ференчина... Тренерите се менуваа но титулата никако да се освои!
По сето ова се прашуваме: Дали е проблем до тренерот во Шкендија. Не може сите да не ги бива!? Не може!!!



Датум: 03.05.2017, 19:17
Статијата е прочитана 4443 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense