| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.10.2017

Вардар без Хоф на Могила

Десниот бек на шампионот по мечот со Реал Сосиедад се пожалил на повреда на коленото, па така нема да биде во составот на Вардар на денешниот меч во Прилеп

Вардар денеска за првпат ќе игра на Могила во Прилеп, на стадиончето кое едвај собира 1.500 гледачи, но лошо е тоа за шампионот што не ќе може да смета на услугите на Хофханес Хамбарѕумјан, на еден од своите најдобри играчи. Имено Ерменецот по мечот со Реал Сосиедад се пожалил на болки во пределот на коленото, но се уште не се знае колку време ќе биде надвор од терените. Крајно лоша вест за тренерот Чеде Јаневски особено ако се знае дека и вториот десен бек Владица Брдаревски е повреден. Проблематична е и левата бековска позиција, тоа се виде на мечот од ЛЕ против Сосиедад, значи Јаневски има проблеми со бековите.



Датум: 22.10.2017, 12:19
Статијата е прочитана 819 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense