| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

Македонија сака „тест“ пред Шпанија

Грузија најде противник, слободни се Бугарија и Србија па можни се гостувања кај некој од нашите соседи

Со цел подобро воигрување за дуелот со Шпанија, македонскиот национален тим бара противник пред скопскиот „спектакл“ кој е на програмата на 9 јуни. Има термин пред натпреварот со „Фуријата“, па би можел тој да се искористи и покрај тоа што речиси сите селекции имаат закажано пријателски средби. Од друга страна, пак, играње контролен натпревар во Скопје е тешко веројатно со оглед дека се посакува сочувување на теренот за дуелот со Шпанија во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство. Од тука, веројатно, ќе се бара некаде надвор од Скопје, меѓутоа не некаде далеку за да не се патува многу за да се сочуваат силите за мечот со Шпанија. Затоа лимитирани се можностите. Или треба да се бара противник блиску, или да не се игра натпревар.

ГРУЗИЈА СИ НАЈДЕ ПРОТИВНИК
Во комбинација за пријателска средба за македонската репрезентација беше селекцијата на Грузија којашто требаше да дојде во Скопје. Сепак, од тоа нема ништо со оглед дека грузискиот национален тим веќе си најде противник за тој термин. Така Грузијците пред мечот со Молдавија во Кишињев ќе ги одмерат силите со Сент Китс и Невис на домашен терен во Тбилиси на 7 јуни, а потоа ќе патува на ова гостување. Беше во опција од Тбилиси да дојдат во Скопје, па од таму да заминат во Кишињев, но не се договорија околу термините. Со оглед дека Грузија со Молдавија игра дури на 11 јуни, а ние со Шпанија два дена порано, тие бараа подоцна да се игра мечот нешто што не одговораше, па до договор не дојде.

ВО ОПЦИЈА СРБИЈА, „СЛОБОДНА“ И БУГАРИЈА
Како што дознавме, едно од можните сценарија во обидот да се најде противник ќе го бараме кај северниот сосед, кај Србија. Србите имаат натпревар против Велс на домашен терен, па би можеле да играме со нив, и тоа во Ниш. Оваа опција беше актуелна уште пред извесен период за јуни, но засега нема одговор до каде е тоа прашање околу можна контрола на двете репрезентации која би се одиграла во Ниш. Тоа би им одговарало и на Србите, и на нас со оглед дека градот е блиску до нашата земја, со што играчите не би имале голем замор од патувања. Исто така една од опциите е и гостување во Софија во Бугарија и пријателска со оваа селекција пред дуелот со Шпанија. Бугарите и натаму немаат закажано контрола тој период, а и тие имаат домашен натпревар со Белорусија на 9 јуни.



Датум: 05.04.2017, 11:03
Статијата е прочитана 3141 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense