| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.07.2017

„Грми“ Ибраими, гази Шкендија!

Голгетерот на тетовци со хет-трик го растури финскиот тим, и ги доближи „црвено-црните“ до следната фаза од Лигата на Европа

Шансите за пласман на Шкендија во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа драстично се зголемени после денешниот триумф од 3:1 над Хелсинки на натпреварот одигран денеска во Струмица.

Оваа голема победа ја донесоа трите гола на Бесарт Ибраими кој што го прегази противникот. Иако лошо тргна по тетовскиот тим со водство на Хелсинки, потоа се беше на страната на Шкендија која што најпрво израмни од пенал пред финишот од полувремето, потоа дојде до водство по една акција во 59 минута помеѓу Радески, Хасани и Ибраими.

Судбината на Хелсинки беше запечатена во 63. минута кога Ибраими беше срушен во шеснаесетникот, а финската екипа остана со играч помалку и беше досуден пенал за македонскиот тим. Ибраими го постигна својот трет гол на овој натпревар, а Шкендија во финишот направи притисок за четврти гол со што и дефинитивно ќе се пласираше во следната фаза, меѓутоа не успеа да дојде до таа цел.



Датум: 13.07.2017, 19:55
Статијата е прочитана 8235 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense