| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.02.2017

Асани: Шкупи или Вардар? Ќе навивам за двата тима...

Според договорот Јасир Асани не може да биде на терен на првиот меч од пролетниот дел меѓу неговиот сегашен и некогашен клуб. Но, сепак тој не крие на кого ќе му ги довери симпатиите

Распоредот во првенството за Асани носи една дилема кога станува збор за тоа за кого ќе навива на првиот пролетен дуел. Причина за тоа е што чаирчани ја отвораат пролетната полусезона токму против досегашната екипа на Асани, Вардар, клубот во кој тој ги направи првите фудбалски чекори и каде што се изгради во фудбалерот што е денес.
Асани нема да биде на теренот на оваа средба поради тоа што договорот за позајмица што го имаат двата клуба го забранува тоа, така што Асани ќе го проследи натпреварот од трибините од каде ќе ги гледа своите колеги, сегашни, но и претходни.
„Не знам како ќе се чувствувам. Член сум на Шкупи и нормално дека сакам тимот секогаш да победува, но исто така сум и дете на Вардар, а ни тоа не е мала работа, така што веројатно ќе имам причини да навивам и за двете екипи. Сепак, бидејќи сега играм на Чаир, на тој дуел нека победи Шкупи,  а потоа, на другите средби ќе можам да го поддржувам и Вардар“ – вели Асани.

*Повеќе читајте во печатеното издание

 



Датум: 10.02.2017, 18:20
Статијата е прочитана 3560 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense