| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

Сè уште нема казна за Победа

Иако инцидентот на мечот со Шкупи се случи на 18 март, се уште официјално не е познато дали ќе има и каква ќе биде казната за ФК Победа

Сè уште нема казна за ФК Победа, односно санкцијата од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ. Иако мечот со Шкупи се одигра на 18 март, кога на теренот на стадиончето на Могила во Прилеп имаше инцидент и по кој се покрена постапка против прилепчани, сè уште не се знае казната. Односно не се знае дали ќе има или ќе нема санкција па макар и парична за организаторот на тој натпревар, а тоа беше ФК Победа. Да потсетиме дека на тој меч едно крајно неодговорно маскирано лице влета на терен и се обиде да развие знаме и притоа го прекина мечот на неколку минути. По тој дуел  во Прилеп играше и Брегалница, в недела ќе гостува и Работнички. Значи по сè изгледа дека Победа ќе се спаси од поголема казна и дека ќе мине само со минимална парична санкција.



Датум: 05.04.2017, 13:01
Статијата е прочитана 627 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense