| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017

„Фалангата“ во напад на Торино


Голем интерес кај Македонците од средна и централна Европа за мечот со Италија. Најорганизирани се нашите иселеници кои работат и живеат во Пјаченца. Само од овој град, околу 500 наши фанови одат за Торино, за да ја бодрат Македонија .„Се организираме. Кој со автомобили, кој со автобуси. Еднаш се живее за ваков меч, првпат на гости ни доаѓа нашата Македонија“, ни изјавува нашиот Орце Илиев од Пјаченца


Голем е интересот кај нашите иселеници во Италија и во Европа за нашата најдобра фудбалска репрезентација против Италија. Пандев, Нестор и останатите одат во невозможна мисија кај составот кој има освоено четири мундијали. Но без разлика на сѐ, нашите навивачи сакаат да си навиваат за својата земја. Сега ја имаат таа шанса и затоа се очекува добра бројка на наши навивачи на трибините на „Олимпико“ во Торино.
А северот на Италија е место каде што живеат и работат околу 200.000 наши иселеници. Сите тие со години чекаа нашиот национален тим да гостува на „нивни“ терен.


Пет автобуси од Пјаченца

Сите добро знаеме дека најбројна е нашата заденица во Пјаченца. Град во близината на Милано, каде што живеат и работат околу 30.000 наши иселеници. Најголемиот дел од нив се Македонци од Струмица и Струмичко. Оние што досега навиваа за својот Пандев и секогаш одеа да го бодрат своето  „златно момче“ кога тоа ги бранеше боите на Лацио, Наполи, а особено во времето кога настапуваше за Интер.
„Се организираме. Со месеци го чекаме овој меч. Кој со автобуси, кој со автомобили... но сите сме со мислите кон Торино. Првпат нашата Македонија гостува во Италија. Одиме да навиваме и да се надеваме на чудо. Јас нема да патувам со автобусите. Заедно со таткото на браќата Секулови ќе одам за Торино“, ни изјави Орце Илиев, еден од илјадниците наши иселеници кои со своите семејства живеат во Пјаченца.
Од овој град има и организирано патување за Милано и веќе се најавени 5 автобуси. Околу 500 нашинци од овој град ќе одат да ја бодрат Македонија и тие ќе бидат најбројни на трибините.

Резервирани 1.200 билети

Иако интересот кај нашата „фаланга“ е голем, сепак, за нашите навивачи е предвидена бројка од 1.200 влезници, и тоа по цена од 15 евра. Тоа е според правилата на ФИФА за вакви средби и процентот од 5% за гостинските навивачи од капацитетот на стадионот.
„Има голем интерес за овој натпревар од нашите иселеници. Не само Македонците од Италија. Билети за овој меч од нашата федерација бараа од Швајцарија, Германија, Словенија... Сите оние наши иселеници што се блиску до Торино, сакаат да бидат на трибините и да ја бодрат нашата репрезентација“, ни изјави Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ.


Во Пјаченца живеат Дориеви


Пјаченца има дополнителен мотив за тоа дуелот со Италија да се очекува со големо внимание. Во овој град живеат и родителите на Љупче Дориев. Членот на Академија Пандев е дел од сениорската репрезентација и го очекува своето деби. Неговите родители ја имаа можноста со роднините и со пријателите да навиваат во Торино, за својот Љупче. Ако не сте знаеле, сегашниот наш репрезентативец е син на Ристе Дориев, поранешниот стопер на ФК Беласица.

 


 



Датум: 06.10.2017, 13:58
Статијата е прочитана 595 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense