| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.11.2017

Вечно дерби, „Комити“, „Чкембари“... за „спектакл“ во главниот град

Во 18 часот сите погледи ќе бидат вперени кон Националната Арена каде што се среќаваат вечните ривали. Се подготвува „фешта“ на најголемиот стадион и роденденско славје на „Комити“

Уште повеќе од час и пол остануваат до почеток на вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер на кое што се најавува вистински „спектакл“ на трибините.

„Комитите“ ќе слават 30 години од своето постоење, на славјето ќе се приклучат и навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ кои што ќе дојдат на дербито, за да добие уште подобар „шмек“.

А на теренот се очекува вистинска „битка“ за бодови. Вардар ја има фаворитската улога против Пелистер кој што сезонава има проблеми со формата.

Во секој случај се очекува вистински „спектакл“ на Арената и на трибините и на теренот, останув само да видиме кој ќе ги освои бодовите.



Датум: 19.11.2017, 16:12
Статијата е прочитана 1435 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense